Градоначалникот Јаневски ја посети новата станбена единица за живеење со поддршка во Добрејци

Градоначалникот Јаневски ја посети новата станбена единица за живеење со поддршка во Добрејци

Градоначалникот Коста Јаневски со заменик министерката за труд и социјална политика Санела Шкријељ, денеска, ја посетија новата станбена единица за живеење со поддршка во населеното место Добрејци.

Им посакаа многу здравје и среќа во новиот дом на досегашните штитеници во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско. Градоначалникот Јаневски ја потенцираше поддршката којашто на процесот на деинституционализацијата на штитениците од Заводот ја дава општина Струмица.