Промовирана монографијата на Иван Илиев Ајдински

Во Центарот за култура „Антон Панов“, беше промовирана монографијата на Иван Илиев Ајдински од авторот Љупчо Ајдински. Иван Илев Ајдински е познат македонски интелектуалец, револуционер, социјалист, хуманист и адвокат. Еден од издавачите на монографијата е Општина Струмица. Со оваа активност започнаа свеченостите кои општина Струмица ги организира по повод одбележувањето на денот на независноста на Република Македонија.