Васил Пишев повторно одработува за Груевски и неговата партија и како послушен ученик ја извршува зададената задача од ВМРО-ДПМНЕ. Но и денес ништо ново. Само купишта лаги, измислици и испревртени тези.Пишев и ВМРО-ДПМНЕ играат на картата ,,сто пати повторената лага станува вистина‘‘, но веќе и таа карта не им поминува, бидејќи на јавноста и е сосема јасно кој е кој и кој е што.Во изминатите 10 години ВМРО-ДПМНЕ одржа стотици и стотици прес конференции на измислената тема ,,незаконски тендери во општина Струмица‘‘ и се остана само на тие прес конференции.Десет години, на сите институции во државата им е совршено јасно дека во Општина Струмица се работи чесно, транспарентно и согласно важечките закони.Општина Струмица и натаму добива награди и признанија за работењето, а оние кои се служат со лаги добиваат тужби кои на крајот ги губат. Така е и со случајот Васил Пишев.