По повод 75-годишнината од почетокот на големата Татковинска војна, Амбасадата на Руската федерација во Македонија во соработка со Општина Струмица и Кинотеката на Македонија, организира ревија на руски воени филмови, која ќе се одржи од 23. до 25. јуни во НУЦК „Антон Панов“. На ревијата ќе бидат застапени четири воени филмови од различни периоди на руската кинематографија. Со тоа продолжува добрата соработка помеѓу Општина Струмица и Амбасадата на Руската Федерација во нашата земја, која во изминатиот период се одликуваме со низа активности, како и негување и унапредување на односите што Општина Струмица ги има со рускиот градски округ Електростаљ-Московска област.