Решение за свикување педесетата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување педесетата седница  на

Советот на општина Струмица

Ја свикувам педесетата   седница на Советот на општина Струмица за ден  17.02.2017 година (петок).

Педесетата седница   на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работа на седницата   предлагам:

I

Усвојување на записникот од 49 седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н    р е д

  1. Квартален извештај за извршување  на Буџетот на општина Струмица за четвртиот квартал од 2016 година;
  2. Годишен извештај на Општина Струмица за  2016 година;
  3. Предлог-Завршна сметка на Буџетот на општина Струмица за  2016 година;
  4. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на  Општина Струмица за 2016 година;
  5. Извештај за реализација на Програмата  за изградба, реконструкција, одржување и заштита  на локални патишта  и улици  на територијата на Општина Струмица за 2016 година;
  6. Извештај за реализација на Програма за изработка на  урбанистички планови во Општина Струмица за 2016 година;
  7. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица во  областа на спорт и млади во 2016 година;
  8. Извештај за реализација на Програмата  за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој  и туризмот  во 2016 година;
  9. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица за областа на социјалната   и детската заштита во 2016 година;

10. Извештај за работата Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица за 2016 година;

11. Извештај за реализација на Програмата  на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2016 година;

12.  Предлог – План  за запишување на ученици во I година во Средните општински училишта во Општина Струмица во учебната 2017/2018 година;

13. Предлог – Одлука за донесување на Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието на Општина Струмица за период 2017 – 2021 година;

14. Предлог – Одлука за усвојување на Локален акционен план за животна средина на Општина Струмица за период 2016 – 2022 година

15. Предлог – Одлука за резервирање средства за експропријација во Буџетот на општина Струмица за 2017 година;

16. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на Проект за “Основен проект за изградба на базни прегради  во с. Габрово“;

17. Предлог – Одлука за преземање и пренесување на управувањето на водоводната мрежа во село Раборци:

18. Предлог – Одлука за формирање на координативно тело за заштита од дискриминација;

19. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на општина Струмица;

20. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за нови вработувања во ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2017 година;

21. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за вработување на 155 лица – вработени на определено време во ЈПКД „Комуналец“ Струмица;

22. Извештај   за работата на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за периодот 1-12 месец  20016 година;

23. Одлука за утврдување  на висина на бод  за исплата на плата  на вработените во ЈПКД „Комуналец“ Струмица;

24. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за пополнување на работни места во ЈП „Паркиралишта Струмица“ Струмица за 2017 година;

25. Извештај  за работата на ЈП „Паркиралишта-Струмица“  за периодот од 01.01.2016  до 31.12.2016 година;

26. Годишна сметка на ЈП „Паркиралишта-Струмица“  за 2016 година;

27. Одлука за распоредување на добивката остварена по годишната сметка за 2016 година на ЈП  „Паркиралишта-Струмица“ Струмица;

28. Ценовник на ЈП „Паркиралишта-Струмица“  за одбележување на хоризонталната сигнализација  на подрачјето на Општина Струмица;

29. Извештај за работењето на ЈПЕД „Струмица – гас“ за 2016 година

30. Годишна сметка на ЈПЕД „Струмица – гас“ за 2016 година;

31. Одлука за распоредување  на добивката остварена по годишната сметка  и  финансиските извештаи за 2016 година;

32. План за вработување на ЈП „Струмица-гас“ Струмица;

33. Предлог – Решение за разрешување и избор на претседател на  Комисија за мандатни прашања, избори  и именувања;

34. Предлог-Решение за разрешување на претседателот на Советот на општина Струмица;

35. Предлог-Решение за избор на претседател на Советот на општина Струмица;

36. Предлог-Одлука за избор на вршител на должноста Градоначалник на Општина Струмица;

37. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7899 КО Струмица;

38. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7898/1 КО Струмица;

39. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 752 КО Банско;

40. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7895/1 КО Струмица;

41. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1746/1 КО Дабиља;

42. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 610 КО Баница;

43. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1040/1, 1040/2 КО Просениково;

44. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 2573 КО Банско;

45. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 804 КО Градско Балдовци;

46. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 5788/4, 5788/11 КО Струмица;

47. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 3/1 КО Струмица;

48. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 6544, 6533/6 КО Струмица; и

49. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 2681/1 КО Банско.

Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов