Решение за свикување на педесет и првата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

 

 

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на педесет и првата седница  на

Советот на општина Струмица

 

 

Ја свикувам педесет и првата седница на Советот на општина Струмица за ден 17.03.2017 година (петок).

 

Педесет и првата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работа на седницата предлагам:

I

Усвојување на записникот почетокот од 50 седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н    р е д

  1. Предлог – Одлука за означување на условите и утврдување режим на сообраќај на крстосница со кружен тек на ул. „Климент Охридски“ и  бул. „Гоце Делчев“ во Струмица;
  2. Информација за состојбата на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот  на патиштата на подрачјето на општина Струмица за пeриодот јули-декември 2016 година;
  3. Извештај за работењето  на   Општинска јавна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“  Струмица  за 2016 година;
  4. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1222 КО Добрејци вон г.р.;
  5. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7899 КО Струмица:
  6. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 4013/1 КО Муртино вон г.р.;
  7. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 2677/1 КО Дабиља;
  8. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 58 и дел од 53/2 КО Струмица; и
  9. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 6512/8 КО Струмица.

 

Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов