Ги известуваме граѓаните на Струмица, дека синоќа од страна на несовесен поединец или на група несовесни граѓани, извршен е вандалски чин врз големиот крст кој се наоѓа на струмичкиот рид. Имено, извршено е искорнување на кабелот за електрично напојување на крстот, и тоа од највисоката негова точка.
Општина Струмица најостро го осудува сторениот вандалски чин и ги повикува надлежните органи за прогон, да го пронајдат сторителот или сторителите и соодветно да ги санкционираат за ова злодело. Со оглед на фактот што не станува збор за изолиран случај, туку уште еден од многуте такви со кои се уништуваат општите добра на градот и општината, апелираме до граѓаните на воздржување од такви недозволени дејствија, кои не само што предизвикуваат материјална штета, туку, во конкретниот случај, можат да ја нарушат безбедноста и животите на граѓаните. Апелираме до совесните граѓани, доколку забележат какви било активности на уништување на општите добра, навреме да ги пријават во надлежните институции.
Воедно, ги информираме граѓаните дека екипа од Одделените зо јавно осветлување при ЈП „Паркиралишта“, под отежнати теренски и временски услови (ветар), работи на отстранување на големиот дефект, причинет од споменатиот вандалски чин.