Совет на општина Струмица Бр.08 -1311/1 19.02.2020 год. Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување триесет и третата седница на Советот на општина Струмица
Ја свикувам триесет и третата седница на Советот на општина Струмица за ден 26.02.2020 година (среда). Триесет и третата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 12,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
Д н е в е н р е д
- Предлог – Одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество на Проект за “Изведба на пристапна улица во село Дабиље “;
- Предлог – Одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество на Проект за “Изработка на инвестиционо техничка документација на ниво на основен проект за 3 проекти во населено место Габрово“;
- Предлог- Одлука за определување на места за истакнување плакати за Предвремените парламентарни избори во 2020 година, во Општина Струмица;
- Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на ДУП за дел од блок 41, УЕ 5 во град Струмица (Општина Струмица 2014-2019);
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.772/2 КО Водочa;
- Предлог – Програма дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2020 година; и
- Предлог-Решение за именување на членови во Општинскиот совет за социјална заштита.