На меѓународниот саем за туризам „Holiday & Spa Expo” – Струмица – Ѕвезда под небото“, ја доби наградата за најдобар туристички бренд

На меѓународниот саем за туризам „Holiday & Spa Expo” – Струмица – Ѕвезда под небото“, ја доби наградата за најдобар туристички бренд

На меѓународниот саем за туризам „Holiday & Spa Expo” во Софија, Р. Бугарија, брендот „Струмица – Ѕвезда под небото“, ја доби наградата за најдобар туристички бренд со интегриран туристички производ, кој претставува спој на највпечатливите белези на Струмица. Во името на Градоначалникот на Општина Струмица, наградата ја прими Ѓоко Ристовски, раководител на Одделението за меѓународна соработка и Европски фондови.

 

Брендот „Струмица – Ѕвезда под небото“ беше создаден во рамките на спроведувањето на проектот „Промоција на туризмот и културата“, финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Грција 2014 – 2020.