Решение за свикување на деветнаесеттата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица
Бр.08 -457/1, 23.01.2019 год., Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Решение за свикување на деветнаесеттата седница на Советот на општина Струмица
Ја свикувам деветнаесеттата седница на Советот на општина Струмица за ден 30.01.2019 година (среда).
Деветнаесеттата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата го предлагам следниот:
Дневен  ред
1. Предлог- Програма за работа на Советот на општина Струмица за 2019 година;
2. Годишен план за вработување за 2019 година во Општинската администрација на општина Струмица
3. Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за пополнување на работни места согласно Годишниот план за вработување за 2019 година на Општина Струмица;
4. Предлог- Одлука за измена на Одлуката утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2019 година;
5. Предлог- Одлука за доделување еднократна парична помош за новороденче на подрачјето на Општина Струмица во 2019 година;
6. Одлука за отуѓување на движни ствари на ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица;
7. Одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица за 2019 година;
8. Одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Паркиралишта- Струмица“ Струмица за 2019 година,
9. Предлог- Решение за дополнување на Решението за именување на членови во Општинскиот совет за превенција на детското престапништво на општина Струмица Совет на општина Струмица;
10. Предлог-План за запишување на ученици во прва година во Средните општински училишта во Општина Струмица во учебната 2019/2020 година;
11. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2019 година;
12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 2573, 2559/1 КО Банско
13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7953/2 КО Струмица
14. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7898/1 КО Струмица
15. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7756 и КП бр. 7757 КО Струмица
16. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште на КП 771 и КП 770 КО Бањица.
Претседател,
Марјан Даскаловски