Решение за свикување на свечена седница на Советот на Општина Струмица

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

Бр. 08 – 7591/1     30.11.2017 год.    Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Служен гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Решение за свикување на свечена седница на Советот на Општина Струмица

По повод празникот “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаче-ници“ – заштитници на градот,  свикувам свечена седница на Советот на општина Струмица на ден 11.12.2017 година (понеделник).

Свечената седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во НУЦК „Антон Панов“ (голема сала) во Струмица и ќе започне со работа во 12,00  часот.

На седницата ќе се работи по следниот:

Дневен ред

  1. Поздравен говор на Градоначалникот на општина Струмица по повод празникот “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаче-ници“;
  2. Доделување на Годишни општински награди и признанија за 2017 годинa “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“; и
  3. Доделување на Општинска награда за животно дело во 2017 година “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“.

Совет на општина Струмица

Претседател, Марјан Даскаловски