Почитувани,
Во периодот Јануари -Јуни 2023год, во Систем 48 имаме пријавено вкупно 405 пријави, од кои решени и одговорени се 341 пријави. Останатите 64 се проследени до надлежните служби и се пријави во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа . Најголем број од пријавите доставени до Систем 48 во првите шест месеци од 2023 година, се од областа на улично осветлување 287, од областа на собирање смет 55, водовод и канализација 19, паркови и зеленило 25 , општински инспекцисли служби 1 , улици,патишта и тротоари 18 . Со овој извештај би сакале уште еднаш да апелираме до граѓаните за навремено пријавување на пријавите на бесплатниот телефонски број 080014848 и моб.тел.076484848, за да можеме навремено да интервенираме и вооедно да ги решаваме пријавите доставени до Систем 48. Истовремено им благодариме на сите граѓани на Општина Струмица за користење на Систем 48.
Со почит,
Систем 48.