Општина Струмица во месец јуни оваа година, започна со подготовка на Стратегија за развој на образованието за периодот од 2023 до 2027 година. За успешна реализација на процесот и подготовка на акциониот план, Градоначалникот на општина Струмица формираше Комисија за подготовка на Стратегијата за развој на образованието. Во состав на Комисијата се избрани претставници од воспитно-образовните институции од општина Струмица, а свој допринос и поддршка на целиот процес дава и професорот на Факултетот за образовни науки во Штип-Кирил Барбареев, како надворешен консултант.
Стратегијата ќе има за цел да обезбеди механизми со кои ќе ги вклучи сите релевантни фактори во развојот на квалитетни услуги во образованието, со значителна интеракција меѓу општинската администрација, претставниците на образовните институции, бизнис секторот и локалните граѓански организации.