‼️ СКЕНИРАЈ И ВКЛУЧИ СЕ во процесот на креирање на локалната стратегија за млади на Општина Струмица за 2023 – 2027 година со која ќе ја градиме сегашноста, а ќе ја проектираме иднината на младите.
Доколку си млад човек на возраст од 15 до 29 години, вклучи се во процесот преку пополнување на следниот анкетен прашалник или со скенирање на кодот и обликувај ја општината по своја мерка: https://forms.gle/ytrYp6VtVL2QVnSX9
Со добиените резултати од прашалникот, ќе се утврдат наодите од перцепцијата на младите и нивните потреби и ќе се соберат сите потребни информации кои ќе се искористат во креирањето на стратегијата. ✔️
️ Во рамки на процесот на креирање на стратегијата ќе бидат организирани и фокус групи со целни групи, тркалезна маса, како и полуструктуирани интервјуа со носители на одлуки и форми на младинско организирање.
Учествувај во Локалната Стратегија за млади на општина Струмица 2023 – 2027