Градоначалникот Коста Јаневски и претседателот на Советот на општина Струмица Марјан Даскаловски со советниците за спорт на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ѓорги Тасев и Даниел Димевски, денеска одржаа работна средба со спортистите и спортските работници на којашто се разговараше за развојот на спортот во Општината и како да се унапредат спортските капацитети во градот. Присутните на средбата го потенцираа задоволството од владината и општинската поддршка во областа на спортот.
Претставниците на струмичкиот спорт задоволни од владината и општинската поддршка
