На 30 седница на Советот на општина Струмица е усвоен Стратегиски план за економски развој на струмичкиот микро-регион. Стратегискиот план го насочува економскиот развој на Струмичкиот микро-регион и претставува план за градење на економскиот капацитет на микро-регионот за подобрување на економската иднина и квалитетот на животот на граѓаните од општините Струмица, Ново Село, Василево и Босилово. Во него се дефинирани Визијата, стратегиските и конкретни цели како и програмите и проектите кои детално се објаснети во Стратегискиот план за економски развој на Струмичкиот микро-регион. Планот за имплементација е во функција на постигнување на: Четирите стратегиски цели, 10 Конкретни цели, 22 Програми и 98 Проекти. Временската рамка за извршување e од 2006 година до крајот на 2011 година, а вкупниот предвиден буџет за реализација на сите предвидени проекти изнесува 150.523.110 €.