Советот на Општина Струмица, на својата 31 седница, донесе одлука за формирање Фондација за локален економски развој и информатичката технологија – ЛЕР ИТ – на струмичкиот микро регион. ЛЕР ИТ фондација ќе биде менаџер на имплементација на стратегиите и плановите за развој на општините од струмичкиот микрорегион, ќе ја промовира стратегијата за ЛЕР, ќе ги искориски веќе создадените капацитети и услови на информациони комуникациони бази во општините и други активности кои ќе придонесат во создавањето на поволната економска средина и развојот на информатичната технологија.