Под покровителство на Градоначалникот на Општина Струмица, а по иницијатива на рекреативците – членови на Тенискиот Клуб „Теком“ од 09.06 – 11.06 2007 година се одржа петтиот меѓународен тениски турнир „СТРУМИЦА ОПЕН 2007“.
Натпреварите се одиграа на 5-те тениски терени на Тенискиот комплекс „ТЕКОМ“ во Струмица. На турнирот учествуваа 24 тенисери од Струмица, Скопје, Кочани, Штип и Ниш (Република Србија). Се играше по систем елиминација.
Во полуфиналнито Пане Арсов од Штип беше поуспешен од Струмичанецот Тони Николов со 2:0 (7:5, 6:3), додека во второто полуфинале Петар Трајковски од Скопје беше подобар од Панче Илиев од Струмица со идентичен резултат 2:0 (6:2, 6:4).
Во финалниот натпревар заслужено се пласираа Пане Арсов од (Штип), и Петар Трајковски од Скопје. Победи Арсов со резултат 2:1 (6:1, 4:6, 6:3).