Делегација од општина Струмица, составена од Секретарот на општина Струмица, г-дин Александар Оџаков, Претседателот на Советот на општина Струмица, г-дин Марјан Даскаловски и Александар Ненчев, Советник во општина Струмица, предводена од Градоначалникот Костадин Костадинов, од денес е во посета на општина Крџали, Република Бугарија.
Како дел од официјалната посета, Градоначалникот на општина Струмица и г-дин Хасан Азис Исмаил, Градоначалник на општина Крџали потпишаа Договор за збратимување на двете општини.
Овој чекор придонесува за развој на добрососедските односи и унапредување на досегашните практики за кооперативност во различни сфери со кои Општина Струмица продолжува да негува пракса на третман и реализација на проекти и активности за бенефит на сите жители на општината.