Соопштение за јавен повик

Врз основа на член 39 од Статутот на Oпштина Струмица („Службен гласник на Општина Струмица“ број број 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 6/19 и 29/19) Градоначалникот на Oпштина Струмица, објавува

С О О П Ш Т Е Н И Е     З А   Ј А В Е Н   П О В И К

Се организира јавна анкета и јавна презентација на Локална Урбанистичкa планска документација за намена A4– ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ на КП 3697/1; КП 3696/1; КП 3701; КП 3702; КП 3703; КП 3704; КП 3705; КП 3706; КП 3707 и КП 3708 КО КУКЛИШ –ВОН Г.Р ,Општина Струмица, со површина од 11038,44м2. Просторот на планскиот опфат е ограничен од:

североисточна страна со регионален пат Р1402 (Р605);

северозападна страна со КП бр.3698/1 и КП бр.3700, КО Куклиш – вон г.р.;

– југозападна страна со КП бр. 3709, КП бр.3710 и КП бр.3889 – КО Куклиш – вон г.р.;

– југоисточна страна со КП бр. 2355, КП бр. 2354 и КП бр.2352 – КО Куклиш – вон г.р.

Одлуката за организирање на јавна анкета и јавна презентација ќе биде објавена на огласната табла на Општина Струмица, во Секторот за урбанизам, комунални работии градежно земјиште, на ВЕБ страницата на Општина Струмица, во Службен гласник на Општина Струмица и во две јавни гласила.

Јавната анкета ќе трае од 04.05.2023 година до 17.05.2023 година.

Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Секторот за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште на ул. „Ленинова“ бр.34., на ден 05.05.2023 година во 12:30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

      Решение

      Одлука

Бр.09-3479/4
27.04.2023 год
С т р у м и ц а

Општина Струмица

Градоначалник
Костадин Костадинов