Богојавление – Водици свечено одбележано на базенот „Авариус“ во Струмица

Богојавление – Водици свечено одбележано на базенот „Авариус“ во Струмица
Денеска е Богојавление -Водици, еден од најголемите христијански празници. Традиционално во Струмица беше одбележан на базенот ,,Авариус” каде на осветувањето на Светиот крст и неговото положување во водите на базенот присуствуваа поголем број граѓани, а со нив беше и градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков.
И оваа година најбрз беше и Крстот го фати Васко Дрвошанов од селото Куклиш.
Тој од градоначалникот Јанков доби подарок – Крст реликвијар од локалитетот ,,Цареви кули” како симбол на благослов и благосостојба.

Среќен празник на сите коишто го празнуваат, нека носи здравје и среќа во новото лето Господово!