ОБЈАВА бр.1/2026 ЗА ДОБИВАЊЕ ПРАВО ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА РЕКЛАМНИ ПАНОА ( БИЛБОРДИ) НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА, ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ОБЈАВА бр.1/2026 ЗА ДОБИВАЊЕ ПРАВО ЗА ПОСТАВУВАЊЕ  НА РЕКЛАМНИ ПАНОА ( БИЛБОРДИ) НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА, ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Врз основа на член 2, став 4, алинеја 1, член 36, 37, 38, 39,  и член 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (Службен весник на РМ бр.78/2015, 106/2015, 153/2015, 190/2016, 21/2018, Службен весник на РСМ бр.101/2019, 275/2019, 122/21 и 193/25), Програмата за поставување урбана опрема на територијата на Општина Струмица за 2025 година („Службен гласник на општина Струмица“ бр. 18/25), Одлуката за  утврдување на локации и почетна цена за поставување на рекламни паноа (билборди) и информациони табли на територијата на Општина Струмица Бр.08-8224/1, донесена на Седница на Совет на Општина Струмица, Комисијата за движни и недвижни ствари на Општина Струмица објавува:

 

ОБЈАВА бр.1/2026

ЗА ДОБИВАЊЕ ПРАВО ЗА ПОСТАВУВАЊЕ  НА РЕКЛАМНИ ПАНОА ( БИЛБОРДИ) НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА, ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

 I. ПОДАТОЦИ ЗА ДОБИВАЊЕ ПРАВО ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА БИЛБОРДИ И РЕКЛАМНИ ПАНОА

ПРЕДМЕТ НА ОБЈАВАТА

Предмет на електронското јавно наддавање е добивање на право за поставување на рекламни паноа ( билборди ) на територијата на Општина Струмица. Локациите и бројот на билбордите се утврдени во Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на Општина Струмица за 2025 година.

Поставувањето на билбордите односно рекламните паноа ќе зависи од просторот/ локацијата на која треба да бидат поставени. Предметот на објавата-локациите со рекламни паноа со различни димензии и поделени во 2 (два) дела. За секој од нив се доделува право за поставување на билборди, односно се склучува договор.

 

II. ОПШТ ОПИС И МЕСТОПОЛОЖБА НА ЛОКАЦИИТЕ:

Рекламните паноа ( билборди ) се дефинирани со вкупен број 40 и се поделени на 2 дела, зависно од нивните димензии. Во дел 1 се предвидени 25 локации утврдени со реден број 1-25, за поставување на рекламни паноа (билборди) со димензии ( 5,0 х 2,4 ).  Во дел 2 се предвидени 15 локации утврдени со реден број 1-15, за поставување на рекламни паноа (билборди) со димензии ( 4,0 х 3 ).

 

а) ОПШТ ОПИС И МЕСТОПОЛОЖБА НА ЛОКАЦИИТЕ ЗА РЕКЛАМНИТЕ ПАНОА (БИЛБОРДИ) СО ДИМЕНЗИИ (5,0 х 2,4):

 

б) ОПШТ ОПИС И МЕСТОПОЛОЖБА НА ЛОКАЦИИТЕ ЗА РЕКЛАМНИТЕ ПАНОА (БИЛБОРДИ) СО ДИМЕНЗИИ (4,0 х 3,0):

III.

ПРАВО НА УЧЕСТВО           

Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски, физички и правни лица кои можат да се стекнат со право на сопственост на недвижни ствари на територијата на РСМ, согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.

 

IV.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ

Правото за поставување на билбордите се определува за период од 5 (пет) години(2026-2031). – Почетна цена за дел 1 изнесува 201.600 денари годишно.

– Почетна цена за дел 2. изнесува 144.000 денари годишно.

Понудената цена за добивање право за поставување на рекламните паноа (билборди) од страна на понудувачот треба да биде изразена во денари.

 

НАПОМЕНА: Плаќањето на годишната закупнина ќе се врши врз основа на доставена фактура од страна Општина Струмица. Плаќањето на закупнината за ПРВАТА ГОДИНА, најповолниот понудувач е должен да го изврши во рок од 15 дена од денот на склучување на договорот, додека за наредните години, плаќањето ќе се врши однапред за целата година но не подоцна од 15- ти Мај за тековната година. Пред склучување на договор за добивање право за поставување на билборди најповолниот понудувач е должен да достави банкарска гаранција во висина од 2% од постигнатата цена. Понудувачот кој ќе го добие правото за поставување, покрај цената која е постигната со електронско јавно наддавање, должен е на сметка на општината да уплаќа и годишна комунална такса од 1.200,оо денари по билборд, како и надоместок за потрошена електрична енергија доколку постави осветлување на истите. Општина Струмица го задржува правото за предвремено еднострано раскинување на договорот за поставување на билборди, заради потребите на Општина Струмица.

 

  1. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Постапката за добивање право за поставување на рекламни паноа (билборди) со електронско јавно наддавање ќе се спроведува преку електронски систем за јавно наддавање. Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени јавни наддавања спроведени преку овој систем, за него сеуште важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка, додделени заради негово учество во претходните постапки и тоа на ниво на целиот систем (учество во постапка која ја спроведувала било која општина). Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за електронско наддавање. За да може да поднесе Пријава за учество заедно со доказите утврдени во објавата, секое физичко и правно лице треба претходно да се регистрира на страната е-stvari.mk. Документите потребни кон пријавата за електронското јавно наддавање се следниве:

  1. Пријава за учество
  2. Изјава со којашто ги прифаќаат условите што се дадени во Објавата.
  3. Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2 % од запишаната почетна цена, за учество на јавното наддавање. Покрај електронски банкарската гаранција за сериозност треба во оригинал да се достави до Комисијата на денот кога се доставува комплетната документација.
  4. Доказ за идентитет за правни лица: – тековна состојба од Централен регистар на Р.С.М. – не постара од шест месеци (за правни лица); – извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа (за странски правни лица);
  5. Доказ за идентитет на физички лица: – лична карта или патна исправа;
  6. Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронско јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на страната e-stvari.mk на која што ќе се одвива електронското наддавање. Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат. На подносителите на пријавите кои се комплетни, Комисијата во рок од 3 (три) дена од денот на доставувањето на понудите им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.
 
VI.РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат најдоцна до 30.01.2026 год. (петок). Објавата трае единаесет (11) дена почнувајќи од 20.01.2026 год.(вторник) до 30.01.2026 год. (петок). Документите се прикачуваат електронски на софтверот. Подносителите на пријави кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното наддавање согласно со објавата, на денот на спроведување на јавното наддавање се регистрираат со корисничкото име и шифра за учество на јавното наддавање, по што имаат право на учество на јавното наддавање. Подносителите на пријавите кои што нема да бидат комплетирани со овие докази нема да учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат. Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страницата www.e-stvari.mk. Јавното електронско наддавање ќе се одржи на ден 03.02.2026 год. (вторник) и тоа за:

I.1.1.Јавното електронско наддавање за дел 1 ќе започне на 03.02.2026, во 11:00 часот. I.1.2.Јавното електронско наддавање за дел 2 ќе започне на 03.02.2026, во 12:00 часот.

 

 VII. БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДУВАЧОТ ОД 2% ОД ПРОЦЕНЕТАТА ВРЕДНОСТ

-Банкарската гаранција за сериозност на понудата е во висина од 2% од проценетата вредност на пакетот:

I.1.1 за дел 1 банкарската гаранција изнесува 4.032 ден.

I.1.2 за дел 2 банкарската гаранција изнесува 2.880 ден.

-Покрај електронската достава на банкарската гаранција во скенирана верзија на оригиналот PDF формат, подносителот на понудата/пријавата за учество е должен истата да ја достави и во писмена форма (во оригинал) на адресата на Општина Струмица (со назнака: до Комисијата за недвижни и движни ствари при Општина Струмица).

-Недоставувањето на банкарската гаранција во писмена форма на наведената адреса ја прави пријавата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.

-Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која што работи и врши банкарски активности во Република Македонија, а времетраењето на банкарската гаранција треба да изнесува најмалку 30 дена, сметано од денот утврден како краен рок за поднесување на пријавата.

– Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.“

VIII. ПОСТАПКА

Начин и постапка за спроведување на јавното наддавање:

– Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на недвижната ствар и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците. Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на недвижната и движната ствар. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда. – Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда. Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на недвижната и движната ствар се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат, односно зголемуваат цената на недвижната и движната ствар без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од пет минути повторно нема понуда, вредноста на недвижната и движната ствар повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност. Намалувањето на вредноста на закупнината на предметот на закуп во текот на наддавањето може да биде најмногу до 30% од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.

– За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за закуп на недвижната ствар.

– Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

– Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од приемот на писменото известување за избор е должен да ги уплати средствата на сметка на Општина Струмицаво согласност со постигнатата крајна цена, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните недвижни и движни ствари.

– По завршувањето на постапката за јавно наддавање, со најповолниот понудувач, во рок од пет работни дена по извршената уплата на постигнатата цена за добивање право за поставување на билборди, Градоначалник на Општина Струмица склучува договор за добивање право за поставување на билборди. Договорот во рок од 30 дена се доставува кај нотар заради вршење на пренос на сопственоста, нотарските трошоци се обврска на закупувачот.

– Пред склучување на договор за добивање пра–   во за поставување на билборди најповолниот понудувач е должен да достави банкарска гаранција во висина од 5% од постигнатата цена, на електронското јавно наддавање, која ќе биде со важност од 5 (пет) години т.е колку што изнесува договорот за добивање право за поставување на билборди.

-Учесниците имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното електронско наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното електронско наддавање до Комисијата, која одлучува по приговорот со Решение во рок од пет дена од приемот на приговорот. Против, Решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Детални информации врзани за објавата можат да се добијат на телефоните: 034/348-030 и 072/217-562.

 

Бр.02-225/1
16.01.2026 год.
Струмица    
               
Комисија за недвижни и движни ствари на Општина Струмица