Во Струмица се одржа панел дискусија за Оперативниот план за вработување за 2020

Home / Вести / Во Струмица се одржа панел дискусија за Оперативниот план за вработување за 2020

Во домот на АРМ денеска се одржа панел дискусија за Оперативниот план за вработување за 2020, со фокус на регионалните и локалните проблеми, предизвици и потреби. Организатор беше министерството за труд и социјална политика, а истата се одржа со поддршка на општина Струмица. Како учесник на панел дискусијата, градоначалникот Коста Јаневски ги информираше присутните за особеностите, визиите, целите и активностите на Локалниот економски социјален совет во општина Струмица, кој е прв во земјава и постои од далечната 2011 па се до денес.

 

Локалниот економски социјален совет има консултативна и советодавна функција, и разгледува прашања, дава совети, мислења, предлози и препораки до Советот на општината и други органи и институции за одредени прашања од економијата и социјалната сфера, особено за вработувања на младите и  и зајакнување на суштинските врски меѓу потребите на пазарот на труд, дефинирани од страна на деловните субјекти, и вештините, квалификациите  и знаењата кои младите ги поседуваат, благодарение на образовниот систем низ кој  поминале. Развиениот економско-социјален дијалог на локално ниво создава позитивна клима и развивање на односите меѓу економско-социјалните  партнери во креирањето на локалните политики кои влијаат стимулирачки за намалување на стапката на невработеност, пораст на животниот стандард и воспоставување социјална правда и социјална кохезија меѓу оние кои бараат работа и оние кои нудат нови работни места. Локалниот економски-социјален совет на општина Струмица преку своите членови ги зема во предвид интересите на сите и  со  разни активности, проекти и ангажмани, активно учествува во локалните политики поврзани со вработувањето. Притоа напревени се бројни активности кои се во функција на остварување на визијата, мисијата и главните стратешки цели на Локалниот економски-социјален совет. Во тој контекст, Општина Струмица воспоставува ефективен економско-социјален дијалог со цел – подобрување на економската и социјалната положба на граѓаните, со интенција таквиот дијалог континуирано да се негува, интензивира и унапредува, рече градоначалникот Јаневски.