Градоначалникот Костадин Костадинов учествуваше на средбата со градоначалниците на општините од пограничниот регион на Република Бугарија и Република Северна Македонија којшто се одржа во Сандански.Денеска во општина Сандански во Бугарија се случи историја.
Тој истакна дека ова е прв пат градоначалници од двете држави да се соберат на едно место и да разговараат за огромните можности кои ги имааат пред нив и да разменат искуства од досегашната соработка. Ја имав честа како градоначалник да зборувам за успешноста на нашата Струмица во однос на реализацијата на прекуграничните проекти. Пред премиерот на Република Бугарија јасно истакнав дека наша заедничка цел треба да ни биде линијата која не разделува, да ни биде линија која не зближува, тоа се европски вредности и од тоа директен бенефит имаат граѓаните.
Беше чест да се биде заедно со сите колеги, заедно со премиерот Кирил Петков и нашиот министер за локална самоуправа Горан Милевски, рече градоначалникот Костадинов.