Градоначалникот Петар Јанков беше домаќин на учениците од четврто одделение од основните училишта во Струмица

Градоначалникот Петар Јанков беше домаќин на учениците од четврто одделение од основните училишта во Струмица

Градоначалникот Петар Јанков и општинската администрација во неделава што изминува ги имаа најпосакуваните и најмилите гости – учениците од четврто одделение од основните општински училишта во Струмица, „Сандо Масев“, „Видое Подгорец“, „Маршал Тито“ и „Никола Вапцаров“.

Целта на посетата и средбата со градоначалникот Јанков, беше проверка на стекнатото знаење по предметот Општество во делот на функционирањето на градоначалникот и општинската администрација.

Градоначалникот Петар Јанков им посвети максимално внимание, одговарајќи на нивните прашања, но и најавувајќи ги неговите приоритети во нивните училишта со цел да им обезбеди квалитетни услови за изведување на воспитно – образовниот процес, бидејќи како што рече, тие се иднината на нашата Општина.