Струмица се гради и развива и се соочува со нови предизвици, а со тоа е неопходна потребата од нови рамки на урбанистичкото планирање. По 21 година изготвен е Нацрт план за нов Генерален урбанистички план на град Струмица со плански период 2023-2033 година. Овој најважен урбанистички документ ќе создаде простор за планиран, урбан и квалитетен развој на градот.Денеска се одржа Јавната расправа во полна сала во Домот на АРМ, а поднесени се и над 200 анкетни листови од граѓаните, со што се потврдува дека целиот процес е транспарентен и отворен за дискусија и предлози.Со новиот Генерален урбанистички план е предвидено дуплирање на зелените површини од постоечките 40 на 84 хектари, нови сообраќајници, нови парцели за образовни институиции и дислокација на последниот индустриски загадувач, рудникот „Огражден“ и голем ризик фактор за здравјето. Струмичани и посетителите на Струмица повеќе нема да гледаат и дишат прашина.-На Струмица и прилегаат храбри одлуки. Не смееме да се плашиме од зеленило и од фактот дека воздухот ни е загаден и таква храбра одлука очекувам и од мнозинството во Советот на општина Струмица, да го усвои Генералниот урбанистички план и многу брзо да стапи на сила, рече градоначалникот Костадин Костадинов.
Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 1069,78 хектари.