Извештај за извршени вонредни инспекциски надзори од општинскиот инспектор за животна средина во Струмица на 05.02.2025 година

Извештај за извршени вонредни инспекциски надзори од општинскиот инспектор за животна средина во Струмица на 05.02.2025 година
Согласно Извештаите за спроведени активности од страна на општинскиот инспектор за животна средина на општина Струмица на ден 05.02.2025 година – Среда извршени се три вонредни инспекциски надзори од кои еден кај правен субјекти со дејност Производство на друг мебел, еден кај правен субјект Производство на алуминиумски конструкции и еден инспекциски надзор е направен над физичко лице.
Од извршените инспекциски надзори констатирани се неправилности кај сите три субјекти на надзор и тоа :
– Кај еден правен субјекти ќе биде поведена прекршочна постапка согласно член 37 став (4) од Законот за управување со отпадот со издавање на прекршочен платен налог со казна во висина од 9000 евра за правниот субјект и 500 евра за управителот на правниот субјект на надзор,
– Кај еден правен субјекти ќе се донесе Решение за изработка на Елаборат за животна средина
– За едно физичко лице ќе биде поведена прекршочна постапка согласно член 37 став (4) од Законот за управување со отпадот со издавање на прекршочен платен налог со казна во висина од 250 евра .
Во периодот кој следува вонредните надзори кои се спроведуваат од страна на инспекторот за животна средина на општина Струмица ќе се објавуваат на официјалната страна на општината.