ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ПЕРИОДОТ 2024-2029 НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ПЕРИОДОТ 2024-2029 НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

Општина Струмица објавува и известува на заинтересираната јавност дека е изработена Финална Нацрт Верзија –  Локален Еколошки Акционен План ЛЕАП 3 на Општина Струмица за период 2024 – 2029г согласно постоечката законска регулатива (чл.69 од Законот за животна средина( Сл.в на РМ бр:53/2005 , 81/2005 , 24/2007 , 159/08 , 83/2009 , 48/2010 , 124/10 ,51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14  44/15 , 129/15, 192/15,39/16, 99/18, 89/22 и 171/22)  ) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на РМ бр. 147/08), ЛЕАП- от Леапо е достапен за јавен увид на веб страницата на Општина Струмица.

Затоа ги молиме  сите заинтересирани страни, доколку имаат забелешки, предлози и мислења во врска со Финална Нацрт Верзија –  Локален Еколошки Акционен План ЛЕАП 3 на Општина Струмица за период 2024 – 2029г, да ги достават до Општина Струмица во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација, односно во период од 11.08.2023 до 09.09.2023год. Истите можете да ги испраќате на е-маил: tomislav.andreev@strumica.gov.mk или вo Одделението за заштита на животната средина во просториите на ДОМ на АРМ во Струмица, секој работен ден од 08.00-16.00 часот.

Превземи документ – ЛИНК