Во рамките на активностите за заштита од комарци и спроведување на Програмата за дезинсекција, се известуваат граѓаните на општините од Југоисточниот плански регион дека на 18 и 19 јуни 2025 година ќе се изврши ларвицидна и теристична дезинсекција, согласно следниот распоред:
Среда, 18 јуни 2025 година, на територијата на општините Струмица, Ново Село, Босилово и Василево, во претпладневните часови ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција, а во вечерните часови, од 20:00 до 24:00 часот, ќе се изврши теристична дезинсекција против комарци (од земја).
Четврток, 19 јуни 2025 година, ларвицидна дезинсекција ќе продолжи во претпладневните часови, на територијата на општините општините Дојран, Валандово, Радовиш и Конче, додека теристичната дезинсекција ќе се спроведе во вечерните часови од 20:00 до 24:00 часот (од земја).
Дезинсекцијата ќе се реализира со хемиски средства одобрени од надлежните институции, во согласност со сите пропишани здравствени, безбедносни и еколошки стандарди. Во случај на неповолни временски услови, активностите ќе бидат одложени и реализирани во прв следен поволен термин.

Оваа активност се спроведува со цел унапредување на јавното здравје и заштита на населението од појава и ширење на преносливи заболувања.
Ви благодариме за разбирањето и соработката.