Новата генерација првоодделенци во Струмица ќе започне со нови униформи

Новата генерација првоодделенци во Струмица ќе започне со нови униформи
Заврши учебната 2024/2025 година. Со доделувањето на свидетелствата учениците од прво одделение од сите општински основни училишта добија нови училишни униформи.
Вкупно 456 ученици во новата учебна година од септември ќе зачекорат во нови и исти униформи со што општина Струмица уште еднаш ја потврди својата грижа кон учениците создавајќу услови за практичност и еднаквост во училишните клупи.
На сите ученици им го честитаме завршувањето на учебната година и им посакуваме пријатен летен одмор и собирање сили за новата учебна година.