Општина Струмица со поддршка на активностите во кампањата 16 денови Активизам против родово базирано насилство

Општина Струмица со поддршка на активностите во кампањата 16 денови Активизам против родово базирано насилство

Водејќи се од својата сензитивност, општина Струмица и оваа година е вклучена во кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство и ги поддржува сите настани чија цел е подигање на јавната свест. Реализацијата на овие активности е предвидена во Програмата за еднакви можности на мажите и жените за 2021 година на општина Струмица, а дефинирани во заедничка соработка на Комисијата за еднакви можности со  претставнички од Организација на жени, Скај плус и Родова перспектива од Струмица. Од планираните активности досега се реализираа: делење промотивни флаери и портокалови панделки со пораката „Насилството врз жените и девојките е недозволиво” од страна на волонтери од здружението  „Скај плус“ во соработка со општина Струмица, а со цел да се поттикнат сите членови на заедницата за нулта толеранција за насилството и секако, да се пријави доколку се дознае дека некој е жртва на насилство и осветлување на општинската зграда со портокалови филтри во знак на приклучување на општина Струмица кон глобалната кампања против родово базирано насилство.

Во периодот до 11 декември 2021 година ќе се реализираат следните активности:

01.12.2021 година – Регионален саем на даватели на социјални услуги (штанд на претставници од Шелтер центар со цел размена на идеи и искуства)

4.02.12.2021 година – Инфо ден на Координаторката и КЕМ во EU House Струмица, со цел презентација на надлежностите согласно родово базирано насилство на младите во општина Струмица

5.04.12.2021 година – Дебата во населеното место Дабиле на тема родово базирано насилство

  1. 05.12.2021 година – Дебата во населеното место Муртино на тема родово базирано насилство
  2. 06.12.2021 година – Гостување во емисија на координаторката и претседателот на Комисијата за еднакви можности со цел давање отчет пред јавноста за надлежностите согласно родово базирано насилство

8.07.12.2021 година – Промоција на документарен филм „Сама,заштитена или осудена”

9.08.12.2021 година – Марш за родово базирано насилство на тема „Сите заедно во борбата против родово базирано и семејно насилство”

10.09.12.2021 година – Промоција на механизми за препознавање, заштита и справување со меѓуврсничко насилство во средни училишта

11.12.2021 година – Трибина (панел дискусија) на тема: Можностите и предизвиците за поефикасна заштита на жените и девојки жртви на насилство