Општина Струмица со силна поддршка за спортот и спортските настани

Општина Струмица со силна поддршка за спортот и спортските настани
.Со посебна чест и задоволство нејзини претставници присуствуваа на колекционерски настан кој се одржа по втор пат во Македонија, а домаќин беше хотелот Горан Пандев во Струмица.
Десет колекционери од земјава, ги изложија своите албуми, сликички, картички од домашни и светски познати фудбалери, но и експонати поврзани со фудбалот низ годините.
Настанот имаше и едукативно-информативна белег за колекциите на вредни, ретки, уникатни и интересни предмети поврзани со историјата на македонскиот фудбал.
Специјален гости на настанот беше најдобриот фудбалер во историјата на Македонија, Горан Пандев кој сподели многу потписи и фотографии, а присутните имаа можност да дружат со него.