Решение за свикување на осмата седница  на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на осмата седница  на Советот на општина Струмица
Совет на општина Струмица
    Бр.08 – 1883/1
    05.03.2026 год.
    С т р у м и ц а

 

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на осмата седница  на
Советот на општина Струмица
 
               Ја свикувам осмата седница на Советот на општина Струмица за ден 12.03.2026 година (четврток).
               Oсмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00 часот.
За работата на седницата предлагам:
I
Усвојување на записникот од 7-та седница на Советот на општина Струмица
II
Д н е в е н   р е д

 

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за четвртиот квартал од 2025 година;
  2. Годишен извештај на Општина Струмица за 2025 година;
  3. Предлог – Завршна сметка  на Буџетот на општина Струмица за 2025 година;
  4. Извештај за реализација на Програмата  за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој  и туризмот  во 2025 година;
  5. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица за областа на социјалната и детската заштита во 2025 година;
  6. Извештај за реализација на Програмата  на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2025 година;
  7. Извештај за реализација на Програмата за активности во областа на заштитата на животната средина  и штетно дејство на водите на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година;
  8. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2025 година;
  9. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на  Општина Струмица за 2025 година;
  10. Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита  на локални патишта  и улици  на територијата на Општина Струмица за 2025 година;
  11. Извештај за реализација на Програмата за урбанистички планови во Општина Струмица за 2025 година;
  12. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2025 година;
  13. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа  на културата во 2025 година;
  14. Извештај за реализација на Програмата  за активностите на Општина Струмица  во областа на образованието во 2025 година;
  15. Извештај за работата на Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица за 2025 година;
  16. Предлог – Програма  за измена на Програмата за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој  и туризмот во 2026 година;
  17. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Струмица за 2026 година;
  18. Предлог – Буџетски календар за подготовка и донесување на Буџетот на општина Струмица за 2027 година;
  19. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на  општина Струмица за 2026 година;
  20. Предлог  –  Одлука за донирање средства за солидарност за елементарни непогоди на Општина Кичево;
  21. Предлог – Одлука за давање на времено користење на фудбалски терен  во населеното место Добрејци;
  22. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество на проект „Потисен фекален колектор за зафаќање на отпадни води од с.Муртино, с.Сачево, с.Градско Балдовци и индустриска зона Сачево и спроведување до ПСОВ на град Струмица – фаза 1, Делница Градско Балдовци – Пречистителна станица“;
  23. Предлог –  Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 141/2-17, КО Струмица, Согласно ДУП за Блок 41/2 на град Струмица, Општина Струмица;
  24. Предлог –  Одлука за утврдување на  Урбанистички проект со план за парцелација за спојување на на ГП 1.3-3 и ГП 1.3-4 дел од Индустриска зона Сачево, општина Струмица;
  25. Предлог –  Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 15.21.1 oд ДУП за блок број 15 на град Струмица, Општина Струмица;
  26. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП 1106 и 1107 во КО Банско;
  27. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ке се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на КП бр. 845 и 861 КО БАНИЦА;
  28. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП 7689/1 во КО СТРУМИЦА;
  29. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.6411/1 и КП бр.6411/2 во КО СТРУМИЦА
  30. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП 7898/1 во КО СТРУМИЦА;
  31. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.900 и КП бр.901 во КО БАНСКО ВОНГРАД;
  32. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП 2544/1 во КО БАНСКО ВОНГРАД;
  33. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП 4578 во КО СТРУМИЦА;
  34. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на  КП бр. 1000 во КО Добрејци;
  35. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на  Кпбр.7942 КО Струмица;
  36. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на  Кпбр.1 во КО Банско;
  37. Предлог – Решение за разрешување и именување на членови во Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица;
  38. Извештај од процена на штета од природна непогода – поплава од пороен дожд на подрачјето на село Вељуса;
  39. Извештај за работата на Општинската јавна установа – Отворен граѓански универзитет „Јоска Свештарот“ за 2025 година;
  40. Извештај за работата на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица, со финансиски извештај и завршна сметка за 2025 година;
  41. Извештај за работата на Локалната установа библиотека „Благој Јанков Мучето“ Струмица, со финансиски извештај и завршна сметка за 2025 година;
  42. Годишна сметка со финансов извештај на ЈОУДГ „Виножито“ Струмица за 2025 година;
  43. Годишна сметка со финансов извештај на ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица за 2025 година;
  44. Годишен извештај за работата на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица за периодот од 01.01 2025 до 31.12.2025 година;
  45. Годишна сметка на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица за 2025 година;
  46. Одлука за покривање на загуба по годишната сметка за 2025 година на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица;
  47. Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ Струмица за периодот од 01.01 2025 до 31.12.2025 година;
  48. Годишна сметка на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ Струмица за 2025 година;
  49. Одлука за покривање на загуба по годишната сметка за 2025 година на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ Струмица;
  50. Годишна сметка за 2025 година на ЈПКД „Комуналец“ Струмица, со Годишен извештај за годината што завршува на 31.12.2025 година;
  51. Извештај за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за период 1-12 месец 2025 година;
  52. Годишен финансиски извештај за 2025 година споредено со 2024 година на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
  53. Годишен финансиски извештај  за работата на ЈПЗБК „Стационар-Лана“ Струмица 2025 година;
  54. Извештај за работата на ЈПЗБК „Стационар-Лана“ Струмица за период од 01.01.2025 – 31.12.2025 година;
  55. Извештај за работа на ЈСП „Струмица-Транспорт“ Струмица за период 01.01.2025 – 31.12.2025 година;
  56. Годишна сметка на ЈСП „Струмица-Транспорт“ Струмица за 2025 година;
  57. Одлука за организирање на подружници на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица;
  58. Одлука за именување на раководител на подружници на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица;
  59. Анекс кон Годишната програма за работа за учебната 2025/2026 година на ООУ „Видое Подгорец“ Струмица;
  60. Анекс кон Годишната програма за работа за учебната 2025/2026 година на ООУ „Сандо Масев“ Струмица;
  61. Анекс кон Годишната програма за работа за учебната 2025/2026 година на ООУ „Маршал Тито“ Муртино;
  62. Анекс кон Годишната програма за работа за учебната 2025/2026 година на ООУ „Даме Груев“ Куклиш;
  63. Анекс кон Годишната програма за работа за учебната 2025/2026 година на ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Дабиле;
  64. Анекс кон Годишната програма за работа за учебната 2025/2026 година на СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица;
  65. Измена на Годишен план за вработување за 2026 година на ООМУ „Боро Џони“ Струмица.

 

                                                                            Совет на општина Струмица
          Претсeдател,
          Никола Маџунков