Совет на општина Струмица
Бр.08 -9174/1
05.12.2024 год.
С т р у м и ц а
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на четириесет и петтата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам четириесет и петтата седница на Советот на општина Струмица за ден 12.12.2024 година (четврток).
Четириесет и петтата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
Д н е в е н р е д
- Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Струмица за 2024 година;
- Предлог – Одлука за определување проценувачи на пазарната вредност на недвижниот имот како даночна основа при утврдувањето на даноците на имот на подрачјето на општина Струмица;
- Предлог – Одлука за кофинансирање на Проект за изведба на „улица 23-ти Октомври” (лев коловоз) – Општина Струмица;
- Предлог – Одлука за отпис на застарена обврска кон правно лице;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Љубинка Рубиева од с.Добрејци;
- Советнички прашања;
Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски