По повод започнувањето на Велигденските празнувања, во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ денеска се одржа Велигденски хепенинг на којшто присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов.
На хепенингот учениците од основните училишта создаваа уметнички слики со разновиден материјал, а настанот беше отворен и за родителите и за сите граѓани кои сакаа првиот празничен ден да го поминат во пријатна атмосфера и да го споделат предвелигденското расположение.