На иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов, општина Струмица за втор пат ќе додели еднократна парична помош од 2.000 денари за семејства со прваче за прв пат запишано во учебната 2023/24 година со постојано живеалиште на родителите на подрачјето на општина Струмица.
За остварување на ова право се поднесува БАРАЊЕ до Градоначалникот на општина Струмица.
Рокот за поднесување се продолжува до исполнување на предвидениот број или најдоцна до 30.11.2023.
- Потврда за запишан ученик во прво одделение за прв пат во учебната 2023/2024 година, заверена од основното училиште од територијата на општина Струмица
- Фотокопија од извод на родени на детето.
- Фотокопија од лични карти на родителите – старателите на првачето.
- Фотокопија од трансакциска сметка на родителот – старателот кој го пополнува барањето.
- Изјава за давање согласност за користење и обработка на лични податоци на родителот – старателот кој го пополнува барањето.
- Барање за еднократна парична помош за прваче ЛИНК
- Изјава за давање согласност за користење на лични податоци ЛИНК
Потребната документација да се достави до Одделението за услуги на граѓаните и месна самоуправа при општина Струмица секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.