Повеќе предлог одлуки и планови беа усвоени на денешната 19-та седница на Советот на општина Струмица. Покрај предлог планот за запишување на ученици во прва година во средните општински училишта во Општина Струмица во учебната 2023/2024 година, беа усвоени и одлуките за давање на трајно користење на објекти во општина Струмица на градинките „Детска радост“ и „Виножито“,
спортската сала во ООУ „Маршал Тито“ Муртино и времено користење на објекти на ЈЗУ „Здравствен Дом на Скопје“ – Скопје и на „ЕДУПРАКТИКА“ – Струмица. На денешната седница беа усвоени и годишниот извештај на Локалниот совет за превенција за 2022 година, барањето согласност за приeм на помал број на деца во ЈОУДГ „Виножито“ како и измената и дополнувањето на Годишниот план за вработување за 2023 година, одлуките за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Паркиралишта“ и ЈПЗБК „Стационар Лана“ за 2023 година, повеќе одлуки од областа на урбанизмот и одлуките за парична помош на Катерина Јанева и Александар Димитриевски од Струмица.