Членовите на Советот на општина Струмица на денешната 20-та седница донесоа едногласна одлука за помош на настраданите луѓе во катастрофалниот земјотрес кој што ги погоди Турција и Сирија во износ од 800.000 денари, по 400.000 денари за најпогодените подрачја во двете држави. Донесена е и одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на карневалските денови, односно од 24 до 26 февруари за најмногу 2 часа.
На седницата беа донесени и одлуките за давање на трајно користење на објект на ЈПЗБК „Стационар – Лана“ Струмица и дополнување на Одлуката за давање на согласност за издавање под закуп на објекти во сопственост на општина Струмица. Зелено светло добија и одлуките за измена и дополнување на Одлуката за определување на зонско паркирање во градот, за утврдување на висината на месечниот надоместок на Претседателот и членовите на органите на ЈПЕД „Струмица – Гас“, за утврдување на работното време во ЈОУДГ „Детска радост“, за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на јавните административни службеници за 2023 година, решението за разрешување и именување на членови на Управниот одбор, барањето за прием на поголем број деца од капацитетот во клоновите на оваа установа, како и одлуката за задолжување и ценовникот за вршење на работи на ЈПКД „Комуналец“ во оваа 2023 година. Поминаа и јавните повици за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на Струмица гас и решението за формирање на Комисија за селекција на кандидатите. На дневен ред беше и јавното претпријатие Паркиралишта – Струмица и усвоени се извештајот за работа, годишната сметка и одлуката за распоредување на добивката остварена по годишната сметка, како и Стационарот „Лана“ и усвоени се извештајот за неговата работа и ценовникот за услугите и активностите. На седницата усвоена беше усвоена Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Струмица во 2023 година и одлуката за доделување парична помош на Славица Бусева од Струмица.
- Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на јавните административни службеници во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица за 2023 година;
2. Предлог – Решениеза разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица;
Предлог – Од