Градоначалникот Костадин Костадинов денеска учествуваше на конференцијата на тема „Отворено за корупцијата во спортот – со фокус на мерката ваучери“ којашто се одржа во домот на АРМ. Организатор беше Кабинетот на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, а присуствуваа и Бил Вуд шеф на канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, министерот за правда Никола Тупанчевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски. Во своето поздравно обраќање, градоначалникот Костадинов потенцираше дека спортот е исклучително важна, но и сензитивна активност, затоа што, кајшто е спортот таму се и младите.
Кога честопати ја повторуваме познатата изрека „младите се нашата иднина“, мора да имаме на ум дека истите тие млади, за да станат наша иднина, треба пред се да бидат наша сегашност. Затоа, спортот мора што побргу да го деконтаминираме од сите можни лоши влијанија, меѓу кои и од корупцијата, рече Костадинов.