Градоначалникот Костадинов им ја честиташе најновата победа на  Пионерскиот состав на Академија Пандев генерација 2010

Градоначалникот Костадинов им ја честиташе најновата победа на  Пионерскиот состав на Академија Пандев генерација 2010

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска организираше прием за Пионерскиот состав на Академија Пандев генерација 2010 којашто е победник во својата конкуренција на годинашново издание на Драган Манце Купот во Белград, Србија каде учествуваа 40 екипи од поранешена Југославија, но и од Полска и Молдавија. Децата на тренерот Васко Тодоров покажаа одлични партии на турнирот и го кренаа победничкиот пехар, а Димитар Петров беше  прогласен за најдобар голман во својата конкуренција.

Градоначалникот Костадинов им ја честиташе победата и им посака уште многу победи на следните натпреварувања, а младите и успешни фудбалери му подарија топка на којашто ги напишаа нивните имиња.

Инаку, генерацијата 2010 на Академија Пандев беше учесник и во Македонската детска лига во ова генерација каде на национално ниво на завршниот турнир го освоија второто место.