Од вечерва па во наредните пет денови Струмица е домаќин на Втората светска конференција за религиски дијалог и соработка. На Конференцијата којашто се одржува во хотелот „Сириус“ учествуват над 60 најеминентни преставници кои се занимаваат со религијата од 22 држави од сите континенти во светот.
Од името на градоначалникот Костадин Костадинов учесниците ги поздрави неговата заменичка Елена Магеровска Паликарова.
-Во Струмица сметаме дека верата и религијата се лични, индивидуални избори кои мора да се почитуваат. Секој поединец има право да го следи својот духовен пат без принуда или притисок да се усогласи. Мораме да создадеме средина каде што без разлика на религијата, можеме да коегзистираме мирно, почитувајќи ги изборите и верувањата едни на други. Во рамките на овие предизвикувачки предели, наоѓаме можности за меѓуверски коалиции кои се залагаат за плурализам и инклузивност. Прифаќањето на златното правило на емпатичен реципроцитет, како што е одобрено од сите вери, може да не води кон похармоничен соживот, рече Магеровска Паликарова.