Струмица со пример за одржлива иднина: Над 15 тони амбалажа рециклирана преку вендинг машини

Струмица со пример за одржлива иднина: Над 15 тони амбалажа рециклирана преку вендинг машини
Граѓаните на Струмица активно учествуваат во селекцијата на отпад преку повратните вендинг машини во рамките на соработката меѓу општина Струмица и компанијата за управување со отпадот од пакување „Пакомак“ од Скопје.
Досега се собрани 15.850 килограми амбалажа, рециклирани се над 545.000 парчиња, а во процесот се вклучени 1.329 корисници, од кои 797 активно рециклираат.
Со собраните 604.959 зелени поени, Струмица покажува дека малите секојдневни навики создаваат големо еколошко влијание.
Во рамките на соработката, во наредниот период ќе се спроведат повеќе активности како едукација на учениците, собирање поени на ниво на училишта, доделување признанија за најактивните екологисти и можност за донација на поени за заеднички еколошки проекти.