Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02) и член 39 од Статутот на Општина Струмица („Службен гласник на општина Струмица„ бр 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 16/19 и 29/19), а во врска потребата од реализација на поединечните активности од 2донесената Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на Локалниот економски развој и туризмот, поточно програмата G1 поддршка на ЛЕР во 2026 година, составен дел на Буџетот на општина Струмица за 2026 година, заверена во општинска архива под број 08-9689/1 од 29.12.2025 година објавена во „Службен гласник на општина Струмица бр 18/25“, Планот за реализација на поединечни активности од Програмата G1 Поддршка на ЛЕР во 2026 година, заверен во општинска архива под број 23-03/1од 15.01.2026год. и одобрената Иницијатива за започнување на поединечна постапка за реализација на активноста од страна на Градоначалникот, заверена под број 09-636/2 од 29.01.2026 година, соодветно на Одлуката за усвојување, односно извршување на Буџетот за 2026 година, донесена на Седница на совет на општина Струмица одржана на 26.12.2025 година, заверена во општинска архива под број 09-9653/1 од 29.12.2025 година, Градоначалникот на општина Струмица објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
Избор на Партнерска организација – економски оператор (правен субјект/организација– Консултант) заради реализација на Активност бр 1.1.Подготовка и изработка на „Стратегија за Локален економски развој и туризам на Општина Струмица 2026-2031“ со Акциски план (2026-2031) од Мерка бр 1 Обезбедување одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности, дел од областа Унапредување и развој на локалната економија, составен дел на Програмата G1 Поддршка на ЛЕР во 2026 година
Потреба на јавен повик
Заради потребата од исполнување-реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на Локалниот економски развој и туризмот, поточно Програмата G1 поддршка на ЛЕР во 2026 година, односно реализацијата на Активноста 1.1.Подготовка и изработка на „Стратегија за Локален економски развој и туризам на Општина Струмица 2026-2031“ со Акциски план (2026-2031), произлезена од Мерка бр 1 Обезбедување одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности, дел од областа Унапредување и развој на локалната економија и во таа насока потребата Општина Струмица и во наредниот период да ги унапредува и развива општинските политики (особено локалната економија како надлежност на Одделение за ЛЕР) во рамките на подготовка и креирање на нов четиригодишен стратешки документ, изработен врз основа на спроведени процедури со докази за примена на принципите (партиципативност-учество на сите релевантни чинители и засегнати страни, транспарентност и отчетност) како процес, Градоначалникот на Општина Струмица преку надлежното одделение, објавува Јавен повик за избор на Партнерска организација – економски оператор (правен субјект/организација-консултант) заради реализација на планираната програмска активност во 2026 година од причини што важноста на постоечката Стратегија за Локален економски развој на Општина Струмица е истечена.
Во таа насока, имајќи ги во предвид заложбите на општината да гради партнерства со останатите релевантни чинители на локално ниво (Институциите на системот, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор чија сфера на делување е унапредувањето на локалната економија и туризмот) во процесот на креирање, донесување и спроведување на тие документи како општински политики, надлежното одделение за ЛЕР во рамките на транспарентно спроведена процедурата за реализација на оваа потреба, нотирана како посебна активност, (креирање и изработка на „Стратегија за Локален економски развој и туризмот на Општина Струмица 2026-2031“, со Акциски план (2026-2031), инкорпорирана во Програмата G1 Поддршка на ЛЕР во 2026 година, како дел од целокупната програма на Општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот за 2026 година, составен дел на Буџетот на општина Струмица за 2026 година, ја потврдува потребата преку Јавен повик да избере Партнер организација –економски оператор(правен субјект/организација– Консултант), со експертиза и стручност да помогне во реализацијата на активноста, односно во соработка со надлежното одделение да го води целиот партиципативен процес согласно стандардите за подготовка и креирање на таков документ од исклучителна важност за идните развојни економски политики на општината.
Цел на јавниот повик
Во рамките на спроведена законско административно правна процедура да се избере Партнер организација –економски оператор со доволна експертиза, стручност и компетенции да помогне во спроведувањето на партиципативниот процес на креирање на новиот општински четиригодишен стратешки документ („Стратегија за Локален економски развој и туризмот на Општина Струмица 2026-2031“ со Акциски план 2026-2031) и да придонесе кон партиципативното креирање и спроведување на општинските политики базирани на транспарентност и отчетност се со една единствена намера да ја зајакнеме довербата на граѓаните во правилното функционирање на општината и во таа насока правилното трошење на буџетските финансиски средства или парите од граѓаните со кои менаџира општината, воедно потврдувајќи:
- Силни општински партнерства со релевантните чинители и засегнатите страни;
- Партиципативно учество на засегнатите страни во процесот на креирање и спроведување- имплементација на општинските политики;
- Зајакнување на меѓусебната доверба помеѓу општината, институциите на системот во локалната заедница, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор;
- Транспарентност во распределбата на општинските финансиски средства;
- Обезбедување на издржан и реално остварлив стратешки документ како општинска политика во наредните четири години;
- Правилно распоредување на општинските финансиски средства согласно потребите на граѓаните и
- Силен бенефит за сите активни чинители во локалната заедница;
И секако, планираните/предвидените финансиски средства во Активноста бр 1.1.Подготовка и изработка на „Стратегија за Локален економски развој и туризмот на Општина Струмица 2026-2031“ со Акциски план 2026-2031 од Мерка бр 1 Обезбедување одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности, дел од областа Унапредување и развој на локалната економија, составен дел на Програмата G1 Поддршка на ЛЕР во 2026 година во висина од вкупно 250.000,00 денари да се стават на располагање како трошок (паричен надоместок) за реализација на целиот процес од страна на избраната партнер организација – економски оператор.
Право на учество
Како субјекти кои можат да конкурираат на јавниот повик се определуваат правни субјекти/организации – Консултанти со докажани компетенции, стручност и искуство во изработката на стратешки документи од Република Северна Македонија.
Подобност на подносителот на пријавата(апликант)
- Основни критериуми кои треба да ги исполнуват апликантите на овој повик се:
– Да бидат регистрирани како правни субјекти/здруженија на граѓани согласно Законот за трговски друштва /Закон за здруженија и фондации на Република Северна Македонија;
– Остварувањето на програмите и дејствувањето на правните субјекти/здруженијата на граѓани / фондации кои се јавуваaт на јавниот повик да се во рамките на Уставот и Законите на Република Северна Македонија.
– Во прилог на пријавата (документите) да имаат доставено:
- Тековна состојба на правниот субјект/здружението на граѓани / фондација не постаро од 6(шест) месеци;
- Копија од важечка потврда/решение за регистрација на правниот субјект/ здружението на граѓани /фондација во земјата;
- Копија од завршниот годишен финансиски извештај за претходната година/завршна сметка (биланс на успех и биланс на состојба) заверен од надлежна институција за финансиско работење или овластен сметководител,;
- Методологија(разработен концепт или план за реализација на активноста кој ги вклучува сите елементи на партиципативен процес на креирање и изработка на стратешкиот документ-учество на сите локални релевантни чинители и засегнати страни, бизнис заедницата, граѓанскиот сектор и останатите засегнати страни) во рамките на 5(пет) месечен период;
- Посебни критериуми кои треба да ги исполнуваат апликантите (економскиот оператор како Консултант) кои учествуваат на овој повик се:
Техничка и професионална способност за економскиот оператор
– економскиот оператор да има најмалку 10 годишно искуство во изработка на локални и регионални стратешки документи, програми, студии и планови
– економскиот оператор да има изработено најмалку 5 регионални / национални Програми за поддршка на приватниот сектор со Акциски Планови
– економскиот оператор да има изработено најмалку 5 локални / регионални / национални документи: Водичи за инвестиции, Студии, Стратегии
– економскиот оператор да има изработено најмалку 5 регионални / национални Комуникациски стратегии со Акциски Планови
– економскиот оператор да има изготвено најмалку 1 Стратегија за Локален економски развој
– економскиот оператор да има изготвено најмалку 3 стратешки документи (Стратегии / Студии / Програми) на локално ниво
– економскиот оператор да има искуство од имплементација на најмалку 5 IPA проекти
– економскиот оператор да има соработка со најмалку 5 интернационални институции
– економскиот оператор да има изготвено и имплементирано најмалку 10 проекти со/за микро, мали и средни компании
– економскиот оператор да има имплементирано најмалку 5 проекти од областите на претприемништво и социјално претприемништво
– економскиот оператор да има искуство во организација на настани, обуки, јавни презентации, тим-билдинг активности за потребите на локални, регионални и национални институции и организации – најмалку 5 вакви настани, обуки, јавни презентации, тим-билдинг активности
-економскиот оператор да има тим за реализација на проектот, вработени лица во економскиот оператор, составен од:
- 1 Водечки експерт за координација и управување со процесот на изработка на Стратегијата
- 1 Клучен експерт за изработка на Стратегијата
Тимот за реализација на проектот мора да ги исполнува наведените услови за секој засебен член наведени подолу.
Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од Техничка и професионална способност со доставување на:
– изјава од одговорното лице дека економскиот оператор да има најмалку 10 годишно искуство во изработка на локални и регионални стратешки документи, програми, студии и планови;
– Договори со национални / регионални организации и институции за изработка на најмалку 5 Програми за поддршка на приватниот сектор со Акциски Планови
– Договори со локални / регионални / национални организации и институции за изработка на најмалку 5 локални / регионални / национални документи: Водичи за инвестиции, студии, стратегии
– Договори со национални / регионални организации и институции за изработка на најмалку 5 Комуникациски планови со Акциски Планови
– Најмалку 5 договори со интернационални организации и институции за имплементација на проекти и активности
– Договори со локални / национални институции или организации за изготвување на најмалку 1 Стратегија за локален економски развој
– Договори со национални / интернационални организации и институции за најмалку 5 IPA проекти
– референтна листа на компании со контакт информации од одговорни лица за најмалку 10 изготвени и имплементирани проекти
– Договори со национални / интернационални организации и институции за најмалку 5 проекти имплементирани од страна на економскиот оператор од областите на претприемништво и социјално претприемништво
– Најмалку 5 договори со национални / регионални / локални организации и институции со предмет на набавка: организација на настани, обуки, јавни презентации, тим-билдинг активности за потребите на локални, регионални и национални институции и организации
– М1 / М2 од водечките членови на тимот како документи за потврда на работниот ангажман кај економскиот оператор на членовите на тимот
Техничка и професионална способност за членовите на тимот:
- Водечки експерт за координација и управување со процесот за изработка на Стратегија за Локален економски развој и туризам на Општина Струмица 2026-2031
– Завршено високо образование од областа на општествени науки
– Работен ангажман кај економскиот оператор
– Најмалку 15 години релевантно искуство во областа на Локалниот економски развој, стратешко планирање, изработка на бизнис и деловни планови, истражувања на јавното мислење, градење капацитети, изработка на локални и регионални, стратешки документи (стратегии, студии, планови)
– Одлични вештини за пишување стратешки документи.
– Способност за професионална соработка со тимови, институции и засегнати страни.
– Најмалку 10 години релевантно искуство во имплементација на IPA проекти
– Најмалку 10 години релевантно искуство во изработка на:
- Програми за поддршка на приватниот сектор со Акциски Планови
- Стратешки документи: Стратегии за ЛЕР, Водичи за инвестиции, Студии, Стратегии, Комуникациски стратегии со Акциски Планови
– Најмалку 10 години релевантно искуство во соработка со приватен сектор преку изработка на Бизнис Планови, Маркетинг Планови, Иновациски и Инвестициски проекти
– Најмалку 10 години релевантно искуство во работа со јавен и невладин сектор, млади, социјала
– Најмалку 5 години работно искуство во изработка на анализи, планови, програми, истражувања, проекти и/или стратегии за претприемништво и социјално претприемништво
– Докажано искуство во работа со различни категории на лица, мерки за вработување / самовработување, одговорно планирање и социјална инклузија.
Во прилог на документацијата се приложуваат сите докази (CV, сертификати, дипломи, признанија и други релевантни документи)
Важно!
– Апликантите кои имаат намера да се јават на Јавниот за 2026 година, може да се јават исклучиво како самостоен апликант и процесот да го водат исклучиво согласно Методологија и План за реализација, доставена во прилог на целокупната документација;
– Апликантите не смеат да делегираат обврски на други лица или организации кои во нивно име ќе го спроведуваат процесот
-Не смеат од општинските финансиски средства кои се ставаат на располагање за таа намена да плаќат трошоци или хонорари на други лица надвор од вклучениот – прикажан тим уште во самата апликација
Времетраење на реализацијата на партнерската соработка
Партнерската соработка ќе се дефинира во рамките на Договор за партнерска организација помеѓу општината и избраниот економски оператор по предходно спроведена процедура – именувана со Решение од Градоначалникот на општина Струмица за период од 6 месеци распореден во две фази на временски период:
-пет месеци период на партиципативна подготовка, креирање и изработка на стратешкиот документ
– еден месец на јавна консултација на изработениот стратешки документ со релевантните чинители и засегнати страни
Напомена !
Процесот го води избраниот економски оператор се до усвојувањето на стратешкиот документ од страна на Советот на Општина Струмица!
Начин на достава на проектната документација
Пополнетите апликации со целосната задолжителна документација мора да се поднесат како „пакет“ кој содржи две (2) целосни и идентични печатени копии на сите документи погоре наведени и една електронска копија (на CD или USB), по препорачана пошта или лично, во запечатен плик, во општинската архива на следната адреса:
Општина Струмица
улица: „Сандо Масев“ бр 1, 2400 Струмица
Напомена:
За да бидат прифатени пријавите, апликантите мора целокупната документација како поднесок да ја достават до општината, лично или по препорачана пошта, во запечатен единечен пакет-плик во работни денови (понеделник до петок), помеѓу 08:00 и 16:00 часот.
На предната страна на пликот во горниот лев агол да стои: „Не отварај“, а во долниот десен агол да стои: Назнака „ ЈАВЕН ПОВИК за Избор на Партнерска организација – економски оператор (правен субјект/организација – Консултант) заради реализација на Активност бр 1.1.Подготовка и изработка на „Стратегија за Локален економски развој и туризмот на Општина Струмица 2026-2031“ со Акциски план (2026-2031) од Мерка бр 1 Обезбедување одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности, дел од областа Унапредување и развој на локалната економија, составен дел на Програмата G1 Поддршка на ЛЕР во 2026 година
Крајниот рок за поднесување на апликациите(комплетната документација) е 30 (триесет дена), сметан и денот на објавување на јавниот повик на општинската веб страница!
Апликациите- пријавите кои ќе пристигнат по зададениот рок по пошта ќе бидат разгледани само доколку на поштенскиот печат стои датум на испраќање кој е пред официјалниот краен рок.
Апликациите- пријавите кои ќе бидат испратени на друг начин ( е-маил) или кои ќе бидат испорачани на друга адреса нема да бидат земени предвид.
Други важни информации
- Градоначалникот на општина Струмица, како дел од целокупната постапка/процедура ќе формира-именува трочлена Комисија за спроведување на јавниот повик со членови од Секторот и Одделение за ЛЕР во чија надлежност е исполнувањето на Програмата во која е планираната активност, чија реализација е предмет на овој јавен повик;
- Комисија за спроведување на Јавниот повик, односно Комисијата за разгледување и евалуација на поднесените пријави по Јавниот повик, во рок од 15 дена по завршувањето на крајниот рок за пријавување ќе изврши евалуација и оценување на пристигнатите апликации и до Градоначалникот ќе достави Записник со предлог за избор на можен економски оператор кој ги исполнува критериумите на Јавниот повик;
- Врз основа на доставениот Записник од Комисијата за спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот на општина Струмица, ќе донесе Решение за избор на економски оператор за реализација на планираната активност предмет на јавниот повик;
- Во рок од 5 (пет) дена од објавувањето на Решението за избор на економски оператор, објавено на официјалната веб страница на општината, Градоначалникот на Општина Струмица ќе склучи Договор за партнерска соработка со избраниот економски оператор;
- Во рамките на склучениот договор (содржината од договорот ) ќе бидат уредени правата и обврските на двете договорни страни;
- За следењето на реализацијата на партнерската соработка за целиот период на имплементацијата ќе биде задолжена Комисијата за спроведување на Јавниот повик;
Напомена!
Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Апликациите кои ќе пристигнат по пошта по крајниот рок за аплицирање ќе бидат разгледани само доколку на поштенскиот печат стои датум на испраќање кој е во рамките на официјалниот краен рок. Примената документација не се враќа!
