Струмичкиот регион како најголем регион за производство на храна, ќе добие современ откупно-дистрибутивен центар.
Градоначалникот Костадин Костадинов со членови на Советот на општина Струмица, денеска во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија присуствуваа на потпишувањето на договорот за избор на консултантска фирма за изградба на откупните центри во Струмица и Ресен.
Откупно-дистрибутивниот центар во Струмица ќе претставува клучен објект во регионот на интензивно производство на зеленчук за којшто е потребно складирање и ладење, сортирање, пакување или подготовка за преработка.
Оваа инвестиција значи подобрување на квалитетот на земјоделските производи и воведување стандарди во земјоделското производство, со што ќе се зголеми вредноста и конкурентноста на земјоделските производи на меѓународните пазари, пред се во ЕУ.