Во просториите на домот на АРМ се одржа јавната презентација на Деталниот урбанистички план за блоковите 39 и 40, односно, населбата Софилар.
Граѓаните од оваа населба покажаа голем интерес и присуствуваа на презентацијата којашто ја одржаа Софија Ристова Патрикова раководител на Секторот за урбанизам и комунални работи и Дејан Динески планер на Деталниот урбанистички план.
Деталниот урбанистички план ќе биде објавен на веб страницата на општина Струмица и граѓаните своите забелешки ќе можат да ги достават до Секторот за урбанизам и комунални работи до 14 септември.
Донесувањето на Деталниот урбанистички план, беше единствен услов за изградба на целокупната инфраструктура којашто ќе обезбеди подобри услови за живот во населбата Софилар.