Утре ќе се одржи јавна презентација на ДУП за Софилар

Градоначалникот Коста Јаневски денеска најави дека утре (02.09.2020 година) со почеток во 14 часот во просториите на домот на АРМ, ќе се одржи јавна презентација на Деталниот урбанистички план и ги покани жителите на населбата Софилар да присуствуваат на оваа презентација, да ги кажат своите забелешки за да може да се вметнат во конечната верзија на овој план.