Советот на општина Струмица на денешната 42 седница го усвои буџетот за 2021 година. Вкупниот буџет ќе тежи 1.191.308.556,00 денари од кој поголем процент се блок дотации коишто како трансфери доаѓаат од централно ниво, а основниот буџет изнесува 459.032.738,00 денари и ги опфаќа сите Програми коишто се усвоени во законскиот рок и во кој се предвидуваат идните проекции, цели и капитални инвестиции коишто треба да го подигнат квалитетот на живот на граѓаните во општина Струмица.