Јавен повик за предлагање на кандидати за членови на локален младински совет на Општина Струмица

Врз основа на член 16 став 1 и член 18 став 2 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на РСМ“ бр.10/2020) и член 29 од Статутот на Општина Струмица, Локалното собрание на млади на општина Струмица објавува:

 

Ј А В Е Н   П О В И К

ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА

ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

 

1. Се започнува постапка за избор на членови на Локален младински совет на општина Струмица.

Локалниот младински совет на општина Струмица е тело кое има советодавна и застапувачка улога во Општина Струмица, основан заради активно учество на младите во јавниот живот на општината, со цел подобрување на положбата на младите на локално ниво и решавање на прашања од интерес на младите.

Со овој Јавен повик СЕ ПОВИКУВААТ сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, кои имаат активности на територијата на општина Струмица, да номинираат свој/и кандидат/и на возраст од 15 до 29 години кои би биле потенцијални членови на Локален младински совет на општина Струмица.

2. Локалниот младински совет на општина Струмица брои 7 члена.

Локалниот младински совет на општина Струмица од своите редови избира претседател и заменик претседател. Членовите на Локалниот младински совет на општина Струмица се бираат со мандат од  две години.

 

Начин на пријавуање

3.  Аплицирањето по однос на јавниот повик се доставува по пошта, на адреса: Општина Струмица, ул.Сандо Масев бр.1, 2400 Струмица или во архивата на општина Струмица (со назнака “Апликација за Локален младински совет на општина Струмиц”)

 

Апликантите задолжително треба да ги достават следните документи:

–         Пријава

–          Мотивационо писмо за учество во Локалниот младински совет;

–          Кратка програма и визија за сопственото учество во Советот (овој дел ќе биде составен дел од унифицираната пријава).

 

Доколку организацијата која номинира кандидат за член на Локалниот младински совет на општина Струмица е член на Локалното собрание на млади на општина Струмица, согласно апликацијата не мора да поднесе мотивационо писмо.

Доставените пријави нема да бидат разгледувани по истекот на рокот на Јавниот повик. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.

Рок на пријавување

Јавниот повик трае 10 дена, вклучувајќи го и денот на објавувањето на веб страната на општина Струмица односно до 20.04.2023 година до 15.00 часот.

 

Предложените кандидати, за кои организациите поднеле уредни пријави, ќе бидат поканети истите кратко да ги образложат пред членовите на Локалното собрание на млади на општина Струмица, по што ќе следува тајно гласање за избор на членови на Локалниот младински совет.

Општина Струмица

Локално собрание на млади

Претседавач

Стефан Андонов


ДОКУМЕНТИ:

Javen povik.pdf

Пријава за ЛМС