Градоначалникот Костадин Костадинов денеска го посети средното општинско училиште „Никола Карев“ во чија програма се застапени повеќе струки.
Како поддржувач на стручното образование кое е многу важна алка во локалниот економски развој, со посебно задоволство ја посети работилницата во којашто учениците од шумарско – дрвопреработувачката струка ја изведуваат практичната настава.
Учениците од оваа струка, стекнатото знаење го претвораат во прекрасни дела изработени со многу љубов.