Денеска се засадуваа дрвца во малиот парк на Телеком

Денеска се засадуваа дрвца во малиот парк на Телеком

Градоначалникот Костадин Костадинов, претседателот на Советот на општина Струмица Марјан Даскаловски и членови на истиот, се вклучија во денешната акција на засадување дрвца во малиот парк на Телеком.

Засадувањето на дрвцата го организираше Царинската управа на Република Северна Македонија, а во рамките на одбележувањето на јубилејот – 30 години од основањето како независна служба.

Градоначалникот Костадинов потенцираше дека и како градоначалник и и како општина редовно ги поддржуваат сите акции кои водат кон постигнување на целта,  Струмица – зелен град.